Даниел Мојсов и официјално стави крај на фудбалската кариера

138
фото: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци (FB)

Некогашниот македонски А репрезентативец, долгогодишен интернационалец, и еден од најдобрите дефанзивци во историјата на македонскиот фудбал, Даниел Мојсов, и официјално ја завршува фудбалската кариера.

Стоперот кој што во моментов има 38. години изминатата сезона беше дел од неговиот матичен клуб ГФК Тиквеш, каде што на крајот од неговата богата кариера реши да помогне и да биде дел од клубот кој што освои историски Куп на Македонија и излез во Европа.

Мојсов забележа 39 мечеви во дресот на А репрезентацијата на Македонија, а беше стандарден и во младинските селекции.

Низ кариерата настапуваше покрај за матичкиот Тиквеш и за Вардар, Македонија ЃП, Војводина, Бран, Лирс, Адана, АЕК Ларнака, а на крајот кратко и за Брегалница Штип.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето
СледноЧкембари го бараат Димитар Митревски за спасител на ФК Пелистер!