Искусниот напаѓач, Иван Ивановски летово дефинитивно ќе има нов клуб, откако си замина од јорданскиот прволигаш Ал Рамтха.
Ивановски одигра солидна полусезона во овој клуб, во кој што постигна два гола, а додаде и три асистенции, но сега очигледно дека е време за нов предизвик.
Крилниот напаѓач во Јордан замина од Тиквеш каде што имаше солидна статистика, а претходно беше дел и од екипите на Силекс, Гостивар, како и Звијезда Градачац од Босна.
Тој е некогашен младински репрезентативец на Македонија.










