Вардар со 12:0 славеше на тестот со Норчија

223

Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Вардар, за време на подготовките во Италија одигра уште еден пријателски натпревар. Денеска избраниците на новиот тренер Фабијани се сретнаа со нисколигашот Норчија и остварија победа со високи 12:0.

Најефикасен беше Закариќ со пет гола, по двапати во листата со стрелци се запишаа Николов, Дурански и Пиреш, додека Италијанците си постигнаа и еден автогол.

Следниот контролен дуел за вардарци на подготовките во Норчија ќе биде екипата на Ла Фиорита од Сан Марино, против која играа минатото лето во Конференциската лига.

ПретходноМакедонија и се реваншираше на Бугарија (ФОТО)
СледноЛина по историската победа: Доаѓам од мала земја, но со огромно спортско срце