Најавено, па потврдено: Силекс го промовираше Дарко Илиески!(ФОТО)

144
ФОТО:.facebook.com/fcsileks/?locale=mk_MK

Она што пред точно една недела го најавивме, од денеска е и официјнално. Искусниот стопер Дарко Илиески е нов член на Силекс, на тимот кој го освои Купот на Македонија и со тоа ова лето ќе игра во квалификациите во Лигата на Конференции, а прв ривал ќе му биде Динамо Минск од Белорусија.

Имено попладнево преку своите официјални социјални мрежи, кратовци го промовираа Илиески како свој нов фудбалер, како едно од неколкуте засилувања во летниот преоден рок.

Инаку Илиески има 30 години, а доаѓа од Охрид, го носеше дресот и на екипите на Металург, 11 Октомври, Победа, Тиквеш, Борец, Шкупи, Пелистер, Струга ТЛ, има и интернациолна кариера во Албанија, Ерменија и Иран.

ПретходноНа повидок невидена БРУКА: Ако сакаат полесен противник во 1/16 финалето, мора да загубат!!!
СледноМарко Богданоски потпиша за РК Бутел!