Секоја чест за Лина: Во време на најголема тага ја испиша историјата!

2193

Конечно. Лина Ѓорческа попладнево на најдобар можен начин ја испиша историјата на македонскиот тенис, откако успеа да го мине и третото квалификациско коло на Вимблдон и со тоа да оствари пласман на најголемиот гренслем турнир во светот. Нешто Македонија чекаше цели 35 години.

Во минатото нашата најдобра тенисерка се обидуваше во неколку наврати, оваа година се обиде да дојде до главниот турнир на АО во Мелбурн и на Ролан Гарос во Париз, но не успеа.

Успеа во време на најголемата тага за нејзи и нејзиното семејство откако пред точно еден месец почина нејзниот татко Владимир Ѓорчески – Ципа, нашата одбојкарска легенда.

Можеби тоа и да и даде уште поголем мотив да дојде до овој фантастичен успех.

Да кажеме дека со овој историски успех, со пласманот на главниот турнир на Вимблдо, Лина Ѓоческа заработи најмалку 95.000 евра.

Убава сума, секако…

И уште еднаш…

БРАВО ЛИНА!!!

ПретходноМакедонско девојче на Вимблдон! Лина со стил се избори за првиот Грен слем!
СледноПоенот кој ја однесе Лина на главниот турнир на Вимблдон (ВИДЕО)