ФК Силекс не се шегува. Попладнево го претстави и крилниот напаѓач Никола Богдановски (27), кој пристигнува од српскиот суперлигаш Напредак Крушевац.
27-годишниот Никола Богданоски настапува на крилните позиции во нападот, зад себе има настапи за повеќе клубови од Србија и Казахстан, како и настап за младата репрезентација на Македонија.
Брзината, продорноста и разновидноста во играта го прават значајно засилување за кратовскиот тим, а неговото искуство ќе биде од голема важност во предизвиците што го очекуваат во домашното првенство и европските натпреварувања тимот на Александар Васоски.















