У15: Македонија поразена и на втората контрола со Албанија

76
фото: Federata Shqiptare e Futbollit (FB)

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 15 години претрпе и втор пораз на контролните дуели со Албанија. Денеска во Охрид, Албанија славеше со 2:0.

Головите за победа на Албанија ги постигнаа Албион Кораџ и Сантијаго Перкола.

Првото полувреме заврши нерешено 0-0, а во вториот дел Албаинија покажа повеќе и заслужено дојде до победа со головите во 60. и 70. минута од мечот.

Првиот натпревар меѓу двата тима, одржан пред два дена во Корча, заврши со триумф на Албанија од 4:1.

ПретходноЛина по историската победа: Доаѓам од мала земја, но со огромно спортско срце
СледноНекој сонува за трибина, а Олисе има ресторан со неговото име и тоа во Данска!