Дашмир Елези е нов напаѓач на Шкендија (А)

75

Новајлијата во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија Арачиново, вечерва потври уште едно ново засилување. Станува збор за Дашмир Елези, кој ќе биде засилување за арачиновци во нападот.

„Напаѓач со инстинкт за гол, енергија и глад за успех, подготвен да даде максимум во црвено-црната боја. Веруваме дека Дашмир ќе биде силно оружје во офанзивниот дел и ќе донесе многу радост на нашите фанови“, напишаа од клубот.

Елези минатата сезона ја мина во Работнички.

ПретходноИнфантино има годишна плата скоро колку и Ханси Флик на клупата на Барса!?
СледноОткако Чешка испадна од Мундијалот: Патрик Шик најави заминување од репрезентацијата