Гаштаров: Да се биде дел од првиот тим на Црвена Звезда е друг левел, а најмногу учам од Раде Круниќ

147

Македонскиот младински репрезенаттивец на огромно задоволство летово е сврстен во првиот тим на Црвена Звезда и во моментов се наоѓа со тимот на подготовките во Австрија.
Гаштаров подолг период е дел од белградскиот гигант, но досега беше член на младинската школа, а изминатата полусезона ја одигра на позајмица во второлигашотн Борац Чачак.

Гаштаров во мини интервју за клубскиот сајт на Црвена Звезда ги спорелува импресиите околу тоа како е да се биде првотимец на Звезда, и како ја минал позајмицата во Чачак.

„Секако дека престојот во тимот на Борац Чачак кој што се натпревавува во второлигашката конкуренција ми помогна побрзо да го направам тој трансфер што се вели од младински во сениорски фудбал. Разликата помеѓу играе во младинци и во сениори е огромна. Во Чачак навистина ме прифатија одлично, таму прекрасно се чувствував.

Кога дознав дека одам на подготовки со првиот тим на Црвена Звезда, најпрво на Златибор, а потоа и во Австрија нормално дека бев пресреќен. Сон ми е да бидам дел од првиот тим на Звезда да заиграм за него. Нормално, тренинзите во прв тим, интензитетот нивен, и начинот на кој што се работи се дијаметрално спротивни од она што се работи во младинските категории. Ова е сосема друго ниво. Дефинитивно Раде Круниќ е играчот од кого во моментов најмногу учам и има влијание врз мојот престој тука„ – вели Матеј Гаштаров за сајтот на Црвена Звезда.

 

ПретходноПресврт…. наместо во Интер, Палестра заврши во Челзи (ВИДЕО)
СледноНов скандал на Муднијалот: Се урна трибина на стадионот каде што тренираше Шведска