Официјално: Иван Варадиновски е нов стратег на Новаци!(ФОТО)

97
ФОТО:.facebook.com/FKEvrotipOnline/

И официјално. Од денеска Иван Варадиновски (37) е нов шеф на стручниот штаб на Новаци, второлигашот од Новаци. Младиот стратег досега го предводеше составот на Кожув, а од денеска и официјално е нов тренер на тимот од Новаци.

По заминувањето на Дарко Крстески, раководството на Новаци брзо реагираше и успеа да го ангажира досегашниот предводник на Кожуф.

Кога сме кај Варадиновски, да споменеме дека покрај Кожу, тој во минатото беше тренер и на екипите на Детонит, Саса и Пехчево.

Новаци минатата сезона во ВМФЛ избори директен опстанок откако ја заврши на седмата позиција со 51 бод.

ПретходноПелистер најдобро рангиран тим, следи Алкалоид, па Вардар и ГРК Охрид
СледноСтоле Димитриевски се жени (ВИДЕО)