Столе Димитриевски се жени (ВИДЕО)

871
Stole i Damjan Shishkovski

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски од денеска и официјално повеќе нема да биде ерген. Откако пред една година романтично ја побара за сопруга својата долгогодишна партнерка Ирина, денес нивната љубов ќе ја крунисаат со брак, почитувајќи ги македонските свадбени обичаи и традиции.

Во домот на Димитриевски владее празнична атмосфера, а меѓу најблиските пријатели кои се дел од веселбата е и македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски.

Столе и Ирина веќе подолго време ја градат својата заедничка приказна во Шпанија, каде што живеат заедно, а денес ја започнуваат и новата животна етапа како сопружници.

На Столе и Ирина им посакуваме многу љубов, здравје, среќа и безброј убави моменти во заедничкиот живот.

ПретходноОфицијално: Иван Варадиновски е нов стратег на Новаци!(ФОТО)
СледноНајубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)