И официјално. Од денеска Иван Варадиновски (37) е нов шеф на стручниот штаб на Новаци, второлигашот од Новаци. Младиот стратег досега го предводеше составот на Кожув, а од денеска и официјално е нов тренер на тимот од Новаци.
По заминувањето на Дарко Крстески, раководството на Новаци брзо реагираше и успеа да го ангажира досегашниот предводник на Кожуф.
Кога сме кај Варадиновски, да споменеме дека покрај Кожу, тој во минатото беше тренер и на екипите на Детонит, Саса и Пехчево.
Новаци минатата сезона во ВМФЛ избори директен опстанок откако ја заврши на седмата позиција со 51 бод.










