Во Брегалница исплатени сите долгови, се чека на новиот газда

209
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Исплатени се сите долгови кон фудбалери, тренери и доверители кои клубот ги имаше од минатата сезона. Тоа се случи во текот на денешниот ден кога се обезбедени потребните средства со кои се расчистени сите сметки со што клубот од денеска има салдо „нула“ и нема долгови кон никого.

Со ваквиот потег се отвори вратата за новиот најавен спонзор во клубот од Штип. Германецот Франк Соломон во текот на идната недела се очекува да ги превземе 51% од акциите на клубот со кои ќе стане доминантен сопственик додека преостанатите 49% ќе останат во сопственост на градот Штип.

Брегалница зад себе има успешна сезона и успеа да се врати во елитното друштво а ждрепката сакаше штипските „сини“ уште во првото коло да му гостуваат на првакот Вардар.

МАЛИ СЕ ШАНСИТЕ ВЛАТКО КОСТОВ ДА ОСТАНЕ НА КЛУПАТА

Паралелно со средувањето на документацијата, новите сопственици во клубот работат и на екипата која најдоцна до 1 јули треба да стартува со подготовките. Од Штип има најави дека повеќето од играчите кои лани го носеа дресот имаат желба да останат во клубот но неизвесна е судбината на тренерот Влатко Костов чиј што договор со Брегалница е истечен. Има најави дека германскиот спознор Франк Соломон имал средби за тренерското место со Александар Таневски, актуелниот тренер на ФК Скопје. Сепак останува да се почека идната недела и да се види која ќе биде одлуката за тренер на тимот и за играчи кои треба да ја засилат Брегалница.

ПретходноШкендија спогодбено ја раскина соработката со Ајети
СледноСкандал во селекција на Бразил: Синот Давиде против Нејмар и таткото Карло Анчелоти?!(ВИДЕО)