„БОМБА“ од Атина: Елмин Растодер ќе игра за Панатинаикос

190

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Елмин Растодер својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Панатинаикос од Атина.

Оваа информација ја пренесува денешна Прототема, која што додава дека Панатинаикос постигнал договор со тимот на Тун, каде што Растодер настапуваше досега за преселба на нашиот интернационалец во Пиреја.

Цената е 3.5 милиони евра

Тиражниот медиум вели дека швајцарците се согласиле Растодер да замине за Атина во дил кој што е вреден 3.5 милиони евра, што е сосема нормална цена Панатинаикос да плати за сериозно квалитетен напаѓач.

Грците додаваат дека се работи за исклучително добар напаѓач кој што е релативно млад и кој што може да напредува. Додаваат дека статистиката од 15 гола и шест асистенции на 37 мечеви е и тоа како добра препорака за преселба на Растодер во Атина.

ПретходноЗамена за Љатифи! Креизиу во Шкендија – најскап играч во Македонија
СледноВардар со пријателски против Ла Фиорита во Римини, и со Виртус на 30 јуни