Готово е: Рајт доби македонски пасош, Македонија доби големо засилување!

309

Може да се каже дека е готово. Мозес Рајт доби македонски пасош и сега може да игра за Македонија. Тој пасош му помогна и во трансферот од Жалгирис во Барселона, според медиумите во Каталонија,пред се на Мундо Депортиво. Овој кошаркар беше изборот на центар во А-репрзентацијата од страна на стручниот штаб на репрезентацијата.

Инаку познато е дека нашата кошаркарска селекција на претстојните претквалификации за ЕП 2029 година ќе игра со Стјуарт, како странец, но затоа за оние главни квалификации во август наверојатно ќе се смета на Мозес Рајт.

Американецот имаше одлична сезона во дресот на Жалгирис, а тоа му помогна да направи трансфер во Барселона.

Секако дека со Рајт на центарската позиција нашата машка кошаркарска репрезентација и тоа како ќе добие на квалитет.

ПретходноСАД сакаат да бидат организатори и на СП 2038!!!
СледноТК Југ уште еднаш на доминантен начин до шампионската титула