Европската ракометна федерација воведе рангирање на клубовите во машките и женските клупски натпреварувања на ЕХФ.
Објавувањето на рангирањето следи по соодветен предлог што го потврди Извршниот комитет во април во Катовице.
Клубовите се рангираат според нивните достигнувања, односно собраните бодови во претходните три сезони на европскиот куп (моментално 2025/26, 2024/25, 2023/24).
Освен што е фактор во каталогот на критериуми за прием во Лигата на шампионите, рангирањето се користи за да се одлучи за распоредот на клубот кога станува збор за ждрепката за соодветното натпреварување (без ЕХФ Европскиот куп). Рангирањето не одлучува за учеството.
Најдоброрангиран македонски клуб е Пелистер со освоени 92 бода. Битолчани се наоѓаат на 28 место на ранг-листата која има вкупно 187 екипи.
Втор македонски клуб на оваа листа е екипата на Алкалоид која има 89 бода и се наоѓа на 31 место. На 32 место е екипата на Вардар 1961 со освоени 87 бода.
Екипата на ГРК Охрид е на 36 место со 84 освоени бодови. На 117 место е ГРК Тиквеш со 17 бода и Бутел Скопје која е на 173 место со само три бода.

Лидер е Барса со 650 бода, пред Магдебург (551), Фуксе Берлин (509) и Алборг (461).










