Шкендија Арачиново се пофали и со Бразилец!(ВИДЕО)

91

Верли Валтер до Насцименто Фереира (26) е најновото засилување на тимот на Шкендија Арачиново. Станува збор за Бразилец кој игра на местото лев бек, а интересно е тоа што во своето име го има Насцименто, а познато е кој славен фудбалер го имаше тоа во своето име.

Со овој потег Шкендија Арачиново и дефинитивно покажува дека не се шегува и дека има намера и тоа како осетно да го засили тимот за својата дебитантска сезона во елитната лига на Македонија.

И ова не е се, најавите се дека клубот од Арачиново ќе се обиде да ангажира уште некое квалитетно засилување.

ПретходноЛегендарниот Тиери Анри ја откри тајната на Меси: Еве како Лео прави предност на теренот!(ВИДЕО)
СледноФранција не е само Мбапе: Дембеле, Дембеле, Дембеле…и Дуе!(ВИДЕО)