Ќатип Османи пред промоција во албански Лаци

80

Искусниот фудбалски стратег Ќатип Османи според албанските медиуми е пред промоција да биде следниот стратег на тимот на Лаци.

Ова е екипа која што тукушто избори промоција во најсилната албанска фудбалска конкуренција, и очигледно дека сака на тренерското столче да седне искусен тренер.

Османи веќе еднаш беше дел од шампионатот во Албанија, кога го водеше тимот на Влазнија.

Има сериозно искуство како во домашниот македонски шампионат, така и во странство каде што и последно работеше. Во тимот на Малишева во Косово, каде што замина по мандатот во Струга ТЛ.

Најголем белег секако остави во тимот на Шкендија со кого има освоено титули и играно во Европа, а седеше на клупата и на Ренова односно Шкупи.

ПретходноКуПС со победа во дерби и лидерска позиција доаѓа во Скопје
СледноМакедонија со победа и пораз го заврши настапот на ФИБА YDF кампот во Чанаккале