Македонскиот шампион, тимот на Вардар денеска одигра уште еден пријателски меч на подготовките во Норча, Италија. „Црвено-црните“ ремизираа со екипата на Ла Фиорита, а единствениот гол за нашиот првак го постигна Герсон Родригез на асистенција на Димитар Данев.
Дуелот се одигра на стадионот Дениеле Гранди во Римини, а Вардар го стартуваше дуелот во следниот состав.
Талески Дурански Куестас Мишковски Маневски Мурџевски Босанчиќ Бабунски Тодоровски Родригес Данев.
Во вториот дел шанса добија и останатите играчи.















