Игор Алексовски пред трансфер во Елбасан

86

Македонскиот репрезентативен голман, Игор Алексовски е на прагот да ја промени средината во Албанија. Тој досега беше дел од тимот на Фљамуртари, но последните информации велат дека искусниот голман е на пат да стане член на тимот на Елбасан.

Овој тиме претставник на Албанија во европските купови ова лето и има закажано двомеч со силниот Бате Борисов во рамките од квалификациите за Конференциката лига.

Алексовски инаку во својата кариера настапуваше во домашниот шампионат за Македонија ЃП, Вардар, Ренова и Работнички, а има и два настапи за А репрезентацијата на Македонија.

ПретходноШкендија минимално поразена од Целје
СледноИвановски избори финале на турнирот М25 во Загреб