Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, во вторник ќе го има историскиот настап на главниот турнир на Вимблдон. Откако успеа да ги мине квалификациите и да се избори за настап на својот прв Грен Слем турнир, денеска Лина го дозна и терминот за првиот натпревар.
Во вторник во 12 часот, нашата тенисерка ќе стартува против Анисимова во еден од двата први натпревари во овој ден. Анисимова е моментно 6. пласирана на ВТА листата и на дуелот со Ѓорческа ќе влезе како голем фаворит.










