Машката младинска репрезентација на Македонија забележа уште една победа во рамки на подготвителниот период за претстојното Европско првенство, совладувајќи ја репрезентацијата на Саудиска Арабија со резултат 22:21.
За нашите момци ова е втор триумф против истата селекција, претходно славеа со 35-26.
Според првичниот план за подготовки, Македонија на домашен терен треба да одигра уште два меча на 02.07.2026 против Грција и на 05.07.2026 против Италија.










