Долг пат на +40 го чека Вардар за тест со Ла Фиорита

262

Голем и непрофесионален превид на ФК Вардар АД во одлуката летните подготовки пред стартот на евро-сцената и новата сезона да ги одработи во базата Норча во Италија. Место кое има услови за тренинзи и работа, но во овој период од годината и место каде никој не се подготвува. Нема други екипи таму освен ФК Вардар АД, па оттука и досегашни тест дуели на првакот на Македонија со „собирани“ екипи, селекции од регионот, колку да се каже – ете има некои движења и натпревари.

За да се спаси „кризата“ и да се одиграат барем „какви-такви“ тест дуели во последен час е најден спасот и тоа со нелогична одлука – да се одиграат два меча со екипи од Сан Марино. Добро познататa Ла Фиорита, која лани беше победена во Конференциската лига, и Виртус, тим кој исто така настапува на евро-сцената.

Пат од 4 часа на пеколни +40, и повторно назад во Норча

Дури и екипа како Ла Фиорита знае да си игра „мајтап“ со ФК Вардар АД, па така го прифатија дуелот со „црвено-црните“, но дуелот го закажаа во Римини. Тимот од Сан Марино е таму како дома. Само 23 километри од нивниот град. А Вардар!? Првакот на Македонија, тимот кој е нашиот фудбалски бренд, со милионски буџет и скапа екипа – ќе весла денеска 4 часа со автобус во еден правец за да стигне од Норча до Римини. Околу 270 километри и оддалечен Римини од базата на Вардар. Со автобус, а денеска пеколни температури најавени за тој дел на Италија. Дуелот се игра од 18 часот и во најжешкото треба да се патува за само еден тест дуел затоа што некој заборавил да провери дека во Норча нема екипи кои се подготвуваат, а нисколигашите од тој регион се уште не почнале со подготовки. Срамно! А уште посрамно е тоа дека исто сценатрио за три дена и дуелот со Виртус.

Пилот во авионот…!? Некој од екипите што ги знаеме прави ли вакви потези за да игра контролни средби со аматерски екипи, а платени скапи подготовки!?

ПретходноБразил против Аргентина на СП?! Интернет ќе “експлодира“! (ВИДЕО)
СледноБраво за Зеленортските Острови