Лина во вторник ќе го има историскиот настап на Вимблдон

204

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, во вторник ќе го има историскиот настап на главниот турнир на Вимблдон. Откако успеа да ги мине квалификациите и да се избори за настап на својот прв Грен Слем турнир, денеска Лина го дозна и терминот за првиот натпревар.

Во вторник во 12 часот, нашата тенисерка ќе стартува против Анисимова во еден од двата први натпревари во овој ден. Анисимова е моментно 6. пласирана на ВТА листата и на дуелот со Ѓорческа ќе влезе како голем фаворит.

ПретходноАвстралија до крајот на Мундијалот без двајца стартери
СледноНова победа за машката младинска репрезентација на Македонија!