Тиквеш оди на подготовки во Турција

188

Екипата на Тиквеш, летните овогодинешни подготовки ќе ги одработи во Турција, поточно во зимскиот ски центар Давраз. Таму во моментов условите се идеални за подготовки со оглед на високите температури, на пониските места, додека овдека се работи за планински масив каде што кавадарчани ќе ги имаат сите предуслови за добра работа.

Тиквеш таму планира да замине на 5 јули, а престојот ќе трае до 21 јули. Секако, ќе бидат закажани и неколку пријателски мечеви, на кои што ќе се темпира формата.

Како што е веќе објавено, нови играчи се голманот Алчевски, како и Попзлатанов односно младинскиот репрезентативец, Теодор Николовски.

 

ПретходноЃоковиќ од Вимблдон: Честитки до Лина Ѓорческа! Сакам да дојдам во Македонија!
СледноКоди Гакпо и неговата сопруга го загубија синот