Одиграни мечевите од првото коло од квалификациите на М25 Скопје турнирот

27

Богата програма со мечеви од првото квалификациско коло имаше денеска на терените на ТК Југ во рамки на М25 Скопје турнирот „Macedonian Open 2026“.

Резултати на македонските тенисери:

Горјан Вукиќевиќ – Дарко Колевски 2-1 (46 76(4) 10-8)

Алексеј Стојановски – Матеј Попов 2-0 (62 75)

Ерион Незири – Максим Тренески 2-0 (62 63)

Марко Мариќ (Франција) – Самоил Честовалиев 2-0 (62 63)

Александер Влахос (Полска) – Игор Србљак 2-0 (62 60)

Горзад Србљак – Рикардо Масиеро (Италија) 2-0 (61 63)

Александар Трифуновски – Алекс Хант (Нов Зеланд) 2-1 (75 16 10-8)

Максимилијан Алексовски – Микита Фоменко (Украина) 2-1 (16 62 10-8)

Антон Марченко (Украина) – Ѓорѓи Јанкуловски 2-1 (61 46 10-4)

Сајмон Мунтвајлер (Швајцарија) – Борјан Ѓуковиќ 2-0 (62 60)

Марко Алексовски – Фидел Нвеке (Данска) мечот се игра понеделник.

Според програмата македонските тенисери ги имаат следните ривали во второто коло од квалификациите:

Горјан Вукиќевиќ – Тадија Радовановиќ (Србија, 6 носител)

Максимилијан Алексовски – Жозеф Хернандез (Аргентина,8)

Горазд Србљак – Лоренцо Лети Месина (Италија)

Алексеј Стојановски – Максимилијан Борисов (Бугарија, 5)

Александар Трифуновски – Јаник Кастелново (Швајцарија,7)

Ерион Незири – Ерик Владимиров (Бугарија)

Со победа Марко Алексовски во попладневните часови ќе треба да игра и втор меч против вториот носител Валентино Конте од Италија.

Мечевите од квалификациите утре (понеделник) ќе се играат на пет терени, а почетокот на првите мечеви е во 9:30 часот.

ПретходноКанада со гол во 90+2.минута ја урна Ј.Африка!(ВИДЕО)