Некогашниот член на тимот на Шкендија, Стенио Жуниор, бразилецот кој што во дресот на тимот од Тетово, доживеа звездени моменти, денеска повторно се појави во градот под Шара.
Овојпат само како пријател на клубот, во посета на своите стари пријатели, а дел и некогашни соиграчи.
Стенио Жуниор беше дел од Шкендија од 2014 година, и остави сериозен белег во дресот на тетовци. Освојуваше титули, играше во Европа, а потоа направи богата кариера во Европа и Азија.















