Полувреме: Канада со шанси, ама мрежите мируваат

44
ФОТО:facebook.com/canadasoccer/

Ј.Африка – Канада 0:0 е резултатот по првото полувреме од првиот меч од 1/16 финалето во нокаут – фазата на тековниот Мундијал. Не толку квалитетни 45.минути, но сепак и покрај тоа што немаше голови беше интересно.

Селекцијата на Ј.Африка подобро го отвори мечот, ја имаше и првата закана кон голот на Канада. Како што одминуваше времето селекцијата на Канада, која пред мечот беше посочувана како фаворит, ја презема контролата на теренот и имаше неколку шанси водство. Најголемата беше во 44.минута кога Бомбито од непосредна близина шутираше со глава, но од самата гол линија еден противнички играч ја исфрли таа топка и го спаси својот гол.

Мечот се игра во Лос Анџелес, а победникот на оваа средба во 1/18 финалето ќе игра против подобриот од дуелот Холандија – Мароко.

ПретходноСтефан Јевтоски со трансфер во Индонезија!
СледноПретседателот на Ј.Кореја за селекторот: Неспособна личност! Ќе се поведе истрага