Македонската штафета 4х400 метри со нов национален рекорд

54
фото: Атлетска Федерација на Македонија (FB)

Македонската штафета 4х400 метри постави нов национален рекорд на националното првенство за сениори, кое викендов се одржа во Скопје.

Машката штафета на Македонија постави нов национален рекорд во дисциплината 4х400 метри со време од 3:15.82. Со тоа беше подобрено времето на досегашниот национален рекорд од 3:20.69 за речиси пет секунди.

Штафетата настапи во состав: Огнен Стефановски, Михаил Петров, Гилман Јунузи и Јован Стојоски, кои со одличен тимски настап поставија нови стандарди во македонската атлетика.

ПретходноДимитар Митревски е назначен за нов претседател на ФК Пелистер
СледноШкендија го донесе Криезиу од Балкани како најплатен фудбалер во ПМФЛ