Епизодата на македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ во дресот на Баерн Минхен и официјално заврши. Клубот денеска преку социјалните мрежи јавно му се заблагодари на Димитријевиќ за одиграното во дресот на гигантот од Баварија, и му посакува се најдобро во кариерата. Во исто време и самиот Димитријевиќ преку социјалните мрежи испрати заблагорадувачка порака кон клубот за кого има само пофални зборови.
Со ова дефинитивно завршува и статусот на Димитријевиќ како играч на Зенит, од каде што и беше позајмен во дресот на Баерн. Неговиот договор со тимот од Русија е истечен и летово Димитријевиќ ќе има нов клуб дефинтивно.
А кога сме веќе на таа тема, се поизвесно е дека Нено ќе се пресели во нашето соседство и ќе потпише договор со екипата на Арис од Солун.
View this post on Instagram










