Она што Спортспорт го најави уште пред десетина дена денеска тимот на Силекс и официјално го потврди. Борјан Пановски е нов играч на тимот од Кратово, кој што периодов, осетно се засилува на повеќе позиции.
Очигледно дека Силекс планира следната сезон како и изминатата повторно да биде при самиот врв на табелата и токму затоа во овој преоден рок е дефинитивно најактивната екипа од ПМФЛ конкуренцијата на трансфер пазарот.
Борјан Пановски инаку доаѓа од тимот на Башкими каде што имаше полна минутажа.















