Иван Чупиќ во конкуренција за тренер на годината во Лигата на Европа

47
Фото: РК Вардар

Тренерот на РК Вардар, Иван Чупиќ очигледно дека и тоа како добро ја заврши задачата во својата премиерна сезона како прв тренер на нашиот најтрофеен клуб, затоа што од страна на ЕХФ е номиниран за тренер на годината во конкуренција од учесниците на изминатата Лига на Европа.

Вардар стгина до четвртфиналето во ова натпреварување изминатата сезона, а ако на ова се додаде и двојната круна во домашниот шампионат, како и кам бекот во Лигата на Шампионите на Вардар, тогаш дефинитивно Чупиќ влегува во оваа конкуренција.

Секако, конкуренцијата за ова признание е жестока, па освен Чупиќ, тука се и екс кормиларот на Вардар, Роберто парондо, кој што е главен во германски Мелсунген сега, а тука се и Магнус Андерсон од Порто, како и кормиларот на Фленсбург, Алеш Пајовиќ.

ПретходноТеодор Тодески и натаму дел од Бутел Скопје
СледноМладинците ја победија и Грција!