MACEDONIAN OPEN 2026: Марковски избори второ коло

50

Македонскиот тенисер Обрад Марковски успеа да се пласира во второто коло на MACEDONIAN OPEN 2026 откако во продолжението на мечот денеска го совлада Максимилиан Борисов од Бугарија со 2-1 во сетови (76(2), 06 и 63). Мечот беше прекинат вчера поради дождот при водство на македонскиот тенисер од 1-0 во сетови.

Во денешното продолжение Борисов изедначи на 1-1 добивајќи го вториот сет без загубен гем, а во третиот сет Марковски се врати во игра и резултатски успеа да го освои сетот и со тоа да избори пласман во второто коло. Во следната рунда негов ривал ќе биде победникот од мечот меѓу Владислав Орлов (Украина) и Никола Колјачев (Бугарија).

Нашиот млад тенисер Амар Хусеиновиќ не успеа откако во продолжението на мечот загуби од шестиот носител Александер Вајс од Италија со 2-0 во сетови (62 60).

Мечо со пресврти играше и Горазд Србљак, кој од квалификациите стигна на главниот турнир. Тој го доби првиот сет против петтиот носител Стефан Поповиќ од Србија со 6:2 во гемови, но неговиот ривал беше поуспешен во следниот сет со 6:1 и изедначи на 1-1. Во решавачкиот сет Србљак поведе со 2:0 во гемови, но Поповиќ изедначи на 3:3, а до 12.гем немаше брејк и потоа на сервис на Србљак противникот успеа да направи брејк за 7:5 во гемови во решавачкиот сет.

Од македонските тенисери попладнево настап треба да има и Калин Ивановски, кој вчера го елиминираше првиот носител Андреј Чепелев, а ќе игра против Лиан Деликата од Малта, кој со 2-1 во сетови го победи Стефан Марковиќ од Србија по 3 часа и 50 минути игра.

Мечевите на Ивановски и на Марковски од второто коло се предвидени да се играат во попладневните часови.

ПретходноМу врачија отказ по и-меил на две минути пред полноќ!?
СледноЕлиот Андерсон и официјално е нов играч на Манчестер Сити