Македонската кошаркарска репрезентација го запиша петтиот триумф во претквалификациите за Европското првенство 2029 година. Нашите кошаркари покажаа дека се класа за Ирска, на домашен терен славеа со 77-56 и го заверија првото место во својата група.
Ова значи дека Македонија ќе обезбеди директен пласман во квалификациите за континенталното натпреварување на кое нема играно од 2015 година.

После релативно изедначена прва четвртина во која гостите отворија со 2-6 и погодија серија на тројки, нашите момци мечот го решија во вториот период (15-11), на одморот заминаа со двоцифрени 38-27. Со доминацијата продолжија и во третата четвртина, која ја завршија со резултат 59-37. Тука веќе беше јасно дека Македонија сигурно чекори кон нова победа.

Андреј Јакимовски со дабл-дабл од 19 поени и 13 скока беше лидер во нашите редови. Зад него беше Ефремовски со 12 поени, додека капитенот Војдан Стојановски запиша 10 поени и 5 скока.
Македонија претквалификациите ги завршува на гости против Луксембург, меч кој се игра на петти јули.










