УЕФА: Вардар казнет со 250.000 евра и опомена пред исклучување!

617

Она што се очекуваше, УЕФА и го потврди. Имено потврдена е казната на Вардар од 250.000 евра за „двојните“ договори со Глишиќ и Блажевски кои не се идентични како во завршната сметка. Инаку во случај на повторување на прекршокот, Вардар ќе со соочи со казна исклучување од европските натпревари.

Одлуката на УЕФА во целост ја пренесуваме:

Првиот совет на CFCB утврди дека ФК „Вардар“ од Скопје (МКД) пријавил нецелосен периметар за известување, што било коригирано во финансиската година што завршува во 2025 година. На клубот му е изречена казна од 250.000 евра. Покрај тоа, доколку истиот прекршок се стори во следните три сезони, клубот ќе се соочи со исклучување од следното клупско натпреварување на УЕФА за кое инаку би се квалификувал.
Секоја конечна образложена и обврзувачка одлука од CFCB ќе биде објавена на UEFA.com навремено“.

Казнети се и други 14 клубови од Европа, а Карвина од Чешка е исфрлена поради местење.

ПретходноMACEDONIAN OPEN 2026: Ивановски избори четвртфинале, мечот на Марковски прекинат поради темница
СледноБерокал задоволен: „Еден ден ќе уживаме за победата, а потоа ни следи пат кон Луксембург“