МЗТ Скопје со години е дел од АБА2-лига. Иако доминира во Македонија и со буџет, и со играчи, сепак никако не се осмелуваше да излезе од конфорната зона и да се проба во Европа.
Овие навики ќе се променат. Актуелниот македонски првак одлучи да се натпреварува во ФИБА Европа Купот. Во ова натпреварување се враќа после 26 години, последен пат играше во сезоната 2000/2001.
МЗТ Скопје беше дел и од Еврокупот, кој е под капата на Евролига.
Ова значи дека обврските се зголемуваат, покрај АБА2-лига каде во минатата сезона беше под секое очекување, сега ќе имаат плус меѓународна обврска, како што личи на еден шампионски тим.










