Синер не блескаше, но завери полуфинале на Вимблдон

19
ФОТО:facebook.com/wimbledon

Тенисерот број еден во светот, Јаник Синер, се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, откако го победи Јан-Ленард Штруф со резултат 3:0 во сетови – 7:5, 7:6(4), 6:3, по два часа и 37 минути игра.

Иако конечниот резултат делува убедливо, Штруф пружи многу добар отпор, особено во првите два сета, во кои успеа долго време да му парира на фаворизираниот Италијанец.

Германецот го отвори натпреварот многу добро и во првиот сет играше рамноправно со Синер, кој не можеше да најде препознатлив ритам. Сепак, на самиот крај од сетот, Штруф направи неколку грешки што светскиот рекет број еден знаеше како да ги казни.

И во вториот сет видовме нешто слична битка, Синер веќе во третиот сет беше нешто подобро (6-3).

Во полуфиналето, Синер го чека подобриот од дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Феликс Оже-Алијасим.

ПретходноГентјана Рочи: КуПС ќе ја казни секоја грешка на Вардар, а јас нормално е да навивам за мојот клуб
СледноМЗТ Скопје стави крај на монотонијата конечно нешто ново во Аеродром