Гентјана Рочи: КуПС ќе ја казни секоја грешка на Вардар, а јас нормално е да навивам за мојот клуб

340

Вечерва од 19:00 часот, актуелниот шампион на Македонија, тимот на Вардар го игра првиот дуел против финскиот првак КуПС во рамките од првото квалификациско коло од Лигата на Шампионите.

На Арената во Скопје пристигнува исклучително квалитетен противник со силен тим, за кој што во женската верзија настапува една од најдобрите македонски фудбалерки на сите времиња, Гентјана Рочи.

Таа ги пренесува своите видувања за овој дуел специјално за СпортСпорт.

Уште во првиот момент кога се случи ждрепката, ми пријде тренерот и ми ја пренесе информацијата со зборовите, „знаеш ли со кој се паднавме“…. искрено мислев дека се шегува но потоа кога ми се потврди информацијата веднаш почнаа прашањата што и како….“ – вели Рочи за СпортСпорт па додава.

„Искрено првиот впечаток ми беше дека ова е многу интересен дуел. Сиот овој перидо постојано добивам прашања околу Вардар. Го познавам добро, клубот. Клуб со традиција, кој буди многу емоции како во Скопје, така и во цела Македонија. Вистински предизвик за КуПС како клуб“ – додава Рочи….

„Што би можела да кажам за КуПС како клуб. Модерен, сериозно организиран во секоја смисла. Дисциплината е на самиот врв. Се работи за екипа која што многу брз и исклучително организиран фудбал. Со фокус на тактика и на колективност. Вардар ќе се соочи со тим кој што многу добро знае што сака на терен. КуПС речиси и да не остава простор за грешка“ – ја прави анализата за СпортСпорт, нашата интернационалка.

„Реално, мислам дека ниту еден од двата тима немал или имал среќа во ждрепката. Ова ќе биде израмнет дуел. На ова ниво нема лесни противници. Дуелот ќе го решат детали, поединци, потези….“ – вели Рочи

Јас сум дел од КуПС… секако дека ќе навивам за него

Реално е да навивам за КуПС. Во прилог на сите ни е да има успех. Да се развива клубот, да оди напред. Јас сум дел од овој клуб, нормално е да е така“ – ни долови Гентјана Рочи.

ПретходноЗапочнува новата авантура на Вардар во Лигата на Шампионите
СледноСинер не блескаше, но завери полуфинале на Вимблдон