Нутинен: Задоволен сум од она што го одигравме

246

Пораз на македонскиот фудбалски шампион Вардар во првиот од двата дуели во првото коло од квалификациите од Лигата на Шампионите против финскиот првак КуПС.

Конечниот резултат гласи 0:2 во меч во кој финците тотално доминираа и заслужено си одат дома со капитална предност и речиси сигурен пласман во следната фаза.

„Задоволен сум од резултатот, од односот од нашиот настап вечерва. Целосно. И во одбрана и во средина и во напад. Мора да напоменеме дека ова е само прво полувреме од овој двомеч, но предноста е солидна. Задоволни сме. Мислам дека Вардар беше тактички добар. Вардар е добар тим и работите може лесно да се сменат. Првиот гол беше многу важен. Ни даде контрола врз мечот. До тогаш мечот беше израмнет. Ќе ги искоментирам само моите играчи“ – рече тренерот на КуПС, Мика Нутинен.

 

 

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: Крај е кога КРАЛОТ ќе каже!
СледноФабијани: Ова е кратко време за да го достигнеме она што го сакам, во Финска одиме по чудо