Младинците со пораз од Норвешка стартуваа на ЕП

86

Македонската младинска репрезентација го одигра првиот натпревар на Европското првенство во Романија.

Нашите ракометари беа поразени од селекцијата на Норвешка со 36:31, која беше и фаворит на оваа средба. Противникот ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот меч, на одморот имаше позитива од 18-14.

Во македонскиот состав се истакнаа Матески и Поповски со по шест погодоци.

Во второто коло утре од 13:30 часот, Македонија ќе игра против Хрватска, која денеска треба да се соочи со Данска. Во главната рунда ќе одат прво и второпласираните селекции од шесте групи.

ПретходноДимитровски дел од стручниот штаб во тимот на Ники Волос
СледноЗНМ достави реакција до ФФМ поради непримерен однос кон новинарката Марија Ковачева