Силекс е подготвен за европска битка

67

И тоа на неутрален терен. Силекс денеска во рамките од првото квалификациско коло од Конференциската лига, во Стара Загора, Бугарија го игра првиот од двата меча против белорускиот состав Динамо Минкс.

Поради УЕФА санкциите, овој дуел не може да се игра во Минск, туку е одбрана Стара Загора, а истиот почнува во 19:00 часот.

Силекс е подготвен за оваа битка. Долго време веќе летово кратовци работат, што во домашни услови што во Охрид, за да максимално влезат против силниот ривал.

Секако дека нема да е лесно, Динамо Минск е сериозен противник, и што е уште поважно тамошниот шампионат е во својот зенит, и минати се 14 кола.

„Секако дека за нас е огромно задоволство што две години по ред играме во квалификациите за Конференциската лига. Имаме огромен респект за Динамо Минск како екипа, која што во моментов е лидер во тамошниот шампионат. Екипа која што за разлика од нас има петнаесетина мечеви зад себе. Секако тука доаѓаме со една единствена цел, а тоа е да се оствари добар резултат за реваншот во Скопје. Имаме свои адути. Екипата минатата сезона го освои Купот што значи дека има карактер во себе, дисциплина, знае да игра на резултат. Овие мечеви се оние во кои резултатот треба да е во прв план. Ќе настојуваме да го минеме Динамо. Што се однесува до играчкиот кадар, имаме сериозни заминувања пред се во нападот, но според мене новитетите одлично се вклопуваат“ – рече Александар Васоски, тренерот на Силекс како најава за денешниот дуел.

ПретходноВардар го претстави составот за Лигата на шампиони
СледноДенеска на Мундијалот: Моќната Франција против силниот Мароко во битка за полуфинале!