Амбициозниот второлигаш Охрид Лихнидос, кој минатата сезона за малку не успеа да се најде меѓу домашната елита, денеска објави ново засилување. Искусниот десен бек Горан Силјановски во новата сезона ќе го носи дресот на охридските „сино-бели“.
Силјановски е искусен фудбалер со над 300 натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Во својата кариера натапуваше за Македонија ЃП, Вардар, Тетекс, Ренова, Работнички, Брегалница, Беса, а кратко беше и во Албанија, во екипите на Фљамуртари и Динамо Тирана.










