Фабиани: Сакам да видам еден организиран Вардар

205

Новото тренерско име на Вардар, Кристијан Фабиани, го даде своето мислење во пресрет на утрешниот натпревар во квалификациите за ЛШ, кој македонскиот шампион ќе го одигра против екипата на КУПС во Финска.

„Важно ми е на овој натпревар да го смениме менталитетот. На првиот меч до првиот гол игравме добро, но примивме гол во најлош можен момент пред крајот на полувремето. Најголема предност на КуПС е што се во натпреварувачки ритам, имаат повеќе мечеви од нас и тоа го гледам само како плус за нив. Ние нема очајнички да влеземе во овој натпревар и безглаво да бркаме резултат. Сакам да видам еден организиран Вардар на теренот кој ќе се бори за секоја топка и педа на теренот. Сакам ред и дисциплина, сѐ да биде плански и постепено. Ќе ги немаме во тимот Торес и Босанчиќ, но на тоа не смееме да гледаме како хендикеп, туку очекувам целиот тим да се бори и да ги надомести нивните изостаноци. Сите играчи кои се во ростерот мора да сфатат дека нема прва и втора екипа, туку секој што ќе добие шанса, треба да даде максимум затоа што го носи дресот на Вардар“– изјави Фабиани.

Во првиот натпревар од овој двомеч, Вардар доживеа пораз со 0:2, а во утрешниот меч влегува со екстремно тешка задача и ќе се обиде да ја надомести негативата и да се пласира во следната рунда од квалификациите за ЛШ.

ПретходноОхрид го потпиша искусниот Силјановски
СледноХари Кејн: Знаеме дека можеме да се подобриме!