Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

58
ФОТО: FC Juventus/FB

Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло Малдини и Леонардо веќе некое време активно работи на разгледување опции за селекторската позиција, а Пирло се спомнува како главен кандидат за истата.

Освен Андреа Пирло, како кандидати се спомнуваат и Пеп Гвардиола, Антонио Конте и Роберто Манчини. Според италијанските медиуми се очекува фудбалската федерација на Италија да го назначи заменикот на Џенаро Гатузо до крајот на оваа недела.

Андреа Пирло веќе една година е предводник на Дубаи Јунајтед, екипа од втората лига на ОАЕ, а предходно во својата кариера тој ги предводеше и Јувентус, Сампдорија и Караѓумрук.

ПретходноВо Баерн Минхен шокирани од потегот на Мајкл Олисе! (ФОТО)