Чурлинов си оди од Кочаели, има богата понуда од Видзев Лоџ

249

Турција и шампионатот на оваа земја ќе биде само една кратка авантура за Дарко Чурлинов кој по сите најави кои пристигнуваат од оваа земја е на излезна врата од екипата на Кочаелиспор.

Порталот „41Кочаели“, утрово го најави заминувањето на македонскиот репрезентативец кој минатото лето пристигна како големо засилување за тимот кој пред една година избори враќање во елитата на Турција.

Чурлинов минатата сезона одигра 25 средби за Кочаели, тим кој шампионатот го заврши на 10. место на табелата и сезона во која десното крило не постигна ниту еден гол, а имаше 4 асистенции. Сепак, одењето од Кочаелиспор и не е толку лоша вест за нашиот фудбалер кој според тоа што го дознаваме веќе подолго време има богата понуда на маса од Полска.

Станува збор за екипата на Видзев Лоџ која по секоја сака да го ангажира фудбалерот кој пред две години играјќи за Јагиелониа остави силен впечаток во шампионатот на таа земја. Згора на тоа директорот од тиа време на Јагиелониа сега е на истата фунција во богатиот клуб од Лоџ кој троши многу финансии, а нема посакувани резултати.

Во минатото Дарко Чурлинов настапуваше и за екипите на Шалке, Барнли, Штутгарт и Келн а за националниот тим на Македонија има одиграно 33 натпревари со 4 постигнати голови.

 

ПретходноВозиња со трансферот на кариерата, потпишува за Коло Коло
СледноШабани: Шкендија Арачиново е дебитант но заслужува максимална почит