Стојчевски им суди на Пјуник и Дебрецин, Илиоски на центарот во Вилнус

86

Двајца македонски судиски интернационалци добија задача да бидат дел од реванш натпреварите од 2. коло во Конференциската лига на УЕФА во четврток.

Игор Стојчевски ќе бид ена центарот на натпреварот меѓу Пјуник и Дебрецин кој ќе се одигра на стадионот Вазген Саргсјан во Ереван. Помошни судии на мечот ќе бидат Филип Ицковски и Дарко Јовчевски, а улогата на четврти судија ќе ја има Бенјамин Ќерими.

Влатко Илиоски, пак, е делегиран како главен судија на натпреварот меѓу Жалгирис и Динамо Тбилиси во Вилнус. Гостите на овој меч влегуваат со предност од 3:0. Помошници на Илиоски ќе бидат Куштрим Лика и Даниел Василевски, додека улогата на четврти судија ќе ја има Александар Василевски.

ПретходноРоналдо кај Жесус нема да биде сигурен стартер, сакал тој или не!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 1. КОЛО: Тиквеш покажа Сила против Арсими