Положани бара повисоко темпо на игра на Шкендија

63

Шкендија ја започна новата сезона во Првата фудбалска лига на Македонија на добар начин, триумфирајќи со 3:0 над Скопјe. Tренерот Артим Положани по натпреварот ги изрази своите барања во врска со темпото на играта и концентрацијата на теренот, особено имајќи ги предвид претстојните предизвици во Европските купови.

„Врз основа на натпреварот, задоволен сум само од резултатот, но мислам дека треба да имаме поинаков пристап. Поради самиот факт што треба да го зголемиме нивото на трчање, треба да го зголемиме и темпото, бидејќи тоа ќе ни треба за следното натпреварување, каде што сме, во Европските купови. Не сум задоволен и покрај фактот што победивме со 3:0“, изјавил Положани по мечот со Скопје.

ПретходноМурињо го убедува Камавинга да си оди од Реал, Французинот не сака да чуе
СледноОва не се случило порано: Гостите на отворањето на сезоната постигнаа само ЕДЕН гол!