Кузманоски: Нема да се предадеме, иако до следниот натпревар нè делат само 24 часа!

327

Македонската кадетска репрезентација беше близу до сенација против Словенија. Одигра неверојатно одлично прво полувреме во кое водеше и со седум разлика, но потоа целосно падна во вторите 30 минути, момент кој еден противник како Словенците го казнија.

Селекторот, Горан Кузманоски вели дека неговата цел била победа, и покрај тоа што Словенија беше фаворит. Иако денеска загубија, а веќе утре ги чека уште потешка задача – Франција, нема да се предадат. Ќе се обидат да се издигнат и да дојдат до посакуваниот триумф, бидејќи веруваат дека можат да изненадат во својата група во која е бранителот на титулата од пред две години Шведска.

„Честитки до Словенија, која беше фаворит на овој натпревар. Ние покажавме квалитет, особено со добрата одбрана во првото полувреме. Имавме голема желба за победа и можеби ги изненадивме Словенците.

Во второто полувреме се случи психолошки пад. Мислевме дека лесно ќе го добиеме натпреварот, попуштивме во одбраната, а во нападот имавме неколку нереализирани шутеви. Словенија, која е силна и квалитетна репрезентација, тоа го казни.

Да бидам искрен, не сум задоволен, бидејќи одев на победа, иако Словенија сите ја гледаа како фаворит. Им кажав на играчите дека мора да одиме со 200% на секој меч. Ние ќе изненадиме, тоа е сигурно. Нема да се предадеме, иако до следниот натпревар нè делат само 24 часа.

Ќе гледаме да се кренеме и да одиме напред. Желбата постоеше, но пресуди тој психолошки момент. Во последните четири-пет минути имавме шанса да се вратиме во егал, но пресуди една техничка грешка“, изјави Кузманоски после мечот.

Македонија и Франција утре ќе се сретнат во 12 часот.

ПретходноТФТ потпиша репрезентативец на Гвинеја кој е машина за дабл-дабл!
СледноЛегенда на Ливерпул потпишува за Челзи