Џордан Хедерсон е еден чекор поблиску до трансфер во Челзи откако денес со заедничка согласност го раскина договорот со Брентфорд. Поранешниот капитен на Ливерпул треба да се приклучи на тимот предводен од Чаби Алонсо, а со него во лондонскиот клуб би можел да пристигне и искусниот напаѓач Дени Велбек.
„Џордан Хендерсон го напушти Брентфорд по меѓусебното раскинување на договорот. Тој си заминува со најдобри желби и благодарност од сите во клубот. Ти посакуваме секаков успех во иднина, Хендо“, објави Брентфорд на своите социјални мрежи.
Новинарот Фабрицио Романо претходно објави дека Челзи сака да го доведе без обештетување, што сега е можно. Во ново соопштение, Романо додава дека Хендерсон ќе потпише двегодишен договор со лондонскиот клуб како слободен агент, кој ќе трае до јули 2028 година.
Хендерсон носи богато искуство од Премиер-лигата. Во дресовите на Ливерпул и Брентфорд, тој одигра вкупно 463 натпревари, постигна 34 гола и запиша 56 асистенции. Тој одигра 90 натпревари за репрезентацијата на Англија, постигна три гола и беше член на тимот што го освои бронзениот медал на Светското првенство во 2026 година.










