Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија во засилено темпо ги започна подготовките за настапот на Медитеранските Игри. Избраничките на селекторот Гавриловиќ полека ќе ја темпираат формата за она што ги чека од 20 август во Таранто.
Селекцијата веќе влезе во работна атмосфера, дисциплинирано, мотивирано, посветено.










